Семејство од Ниш, Србија, кое патувало на одмор во Охрид, доживеало незгода на магистралниот пат Кичево – Охрид, кај селото Сливово. Автомобилот со кој се превезувале излетал од патот Во незгодата со посериозни повреди се здобиле сопружниците, додека нивниот петгодишен син полесно е повреден. Тие се згрижени во специјалната болница „Св. Еразмо“.

Веста за незгодата ја пренесоа голем број српски медиуми.

На магистралата Кичево – Охрид, денеска се случила уште една сообраќајна незгода во која потешко е повредена една жена.