Речиси секој дел од телото на плажа е изложен на многубројни погледи, затоа водете грижа за целото тело.

Не ги заборавајте петите

За максимални резултати при отстранувањето на грубата кожа и наслагите од петите, добро истријте ги на крајот од туширањето. Водата ќе ја омекне кожата и ќе го олесни нејзиното отстранување.

Заштитете ја обоената коса, особено прамените

Обоената коса на лето бара посебна нега, бидејќи надворешните услови можат да го променат тонот на бојата. Влакната се подложни на кршење, од солената вода од морето и хлорот од базените. После измивањето нанесете маска која го олеснува расчешлувањето и ја чува постојаноста на бојата.

Користете стегачи за коса без метални делови

Избегнувајте употреба на стегачи за коса кои се споени со мали метални делови бидејќи може да ја оштетат косата, особено кога е водена и ослабена по излегувањето од вода. Наместо тоа, побарајте стегач прекриен со еластичен материјал.

Додајте малку сода бикарбона во шампонот

Зголемениот степен на загадување на воздухот во текот на летото доведува и до зголемено штетно делување на слободните радикали, што на косата и го одзема сјајот и бојата. За да го отстраните мат изгледот од косата додајте во својот шампон еден прстофат сода бикарбона. Така ќе ги измиете штетните материи, а нема да ја оштетите косата и бојата. Оваа постапка, исто така, спречува избелување на косата поради влијанието на морската вода и хлорот.

извор: zenstvena.com