Кај шминкањето е потребно да се истакнат сите предности на лицето поради кои ќе изгледате уште поубаво и позанесно. Не ви е сеедно како ќе изгледате и затоа е важно да знаете како да ги истакнете очите и усните. Следат неколку корисни совети како да ги разубавите усните.
Откријте ги тајните на големите мајстори со кои шминкањето ќе ви биде поедноставно. Кога ги разубавувате усните, важно е да ја одберете вистинската боја на карминот за усни. Не е сеедно дали тоа ќе биде во нежно розева нијанса или огнено црвена боја. Некои експерти истакнуваат и дека бојата на карминот може да влијае на расположението на личноста. Ако сте една од оние кои наутро сакаат долго да спијат и поради тоа немаат многу време за средување пред работа, би било добро доколку се одлучите за посветла нијанса на кармин. Црвената боја е посебна, но посветлите бои подобро одговараат на дневната шминка. Нема да погрешите со розевата или бојата на корал.
Карминот може да го нанесувате на неколку начини, а многу славни личности употребуваат четкички со пократко влакно со помош на кои го аплицираат саканиот кармин. Откако ќе го ставите карминот, може да нанесете и малку пудра за бојата да биде постојана и да трае речиси цел ден.Не постои жена која барем еднаш не помислила за тоа како карминот да остане што подолго на усните без целосно да се изгуби. Многу експерти се согласуваат дека е најдобро да се направи комбинација на кармин и пудра.
Ставете прво кармин на усните, потоа малку пудра, па повторно кармин. Разубавувањето на усните не е завршено додека не ставите и моливче за усни со помош на кое убаво ќе ги обликувате усните, баш како што тоа го прави и прекрасната актерка Кејт Бланшет. Ако имате поцрвени образи, користите почесто црвени тонови.Како би го избрале најдоброто, не заборавајте дека карминот поинаку изгледа во пакувањето, отколку кога ќе го нанесете. Не заборавете да испробате неколку различни нијанси и изберете боја која ќе биде во склад со вашата боја на лицето.