Основата на добрата нега на кожата е правилното чистење, бидејќи беспрекорно чистата кожа може да “дише“ и подобро ги апсорбира хранливите состојки од кремот.
Тип на кожа
Средството за чистење мора да одговара на вашиот тип на кожа. За мрсна кожа се препорачува гел и лосион, додека сувата бара хранливо млеко, кое нема дополнително да ја суши. На чувствителната кожа и се неопходни природни состојки, без хемикалии. Влажните марамчиња за отстранување шминка би требало да се користат во ретки прилики, само кога патувате или немате друга можност да го исчистите лицето, советуваат козметичарите.
Внимателно со маскарата
На трепките нанесете малку гел или млеко за отстранување на шминка и оставете го неколку секунди, па нежно тријте со памук и темелно отстранете ги остатоците од маскарата.
Миење на крај
После средствата за чистење задолжително измијте се, добро измијте се од лицето за порите да може да се отворат.
Совет плус:
Благ пилинг правете повремено, доволно е еднаш неделно или поретко и водете сметка состојките да одговараат на вашата кожа.
извор:zenstvena.com