Неколку пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие во охридско-струшкиот регион. Имено, РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација помеѓу селата Велмеј и Лешани.
ТППЕ Струга интервенирале на запалена куќа во Вевчани од 16.00 до 17.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари, на запалена трска во близина кај Евро Хотел, од 17.30 до 19.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена шума во с.Мислодеждa, од 18.05 до 20.00 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена трска во с.Калишта, посочуваат од Центарот за управување со кризи.
Во последното деноноќие на ниво на држава регистрани се 22 пожара на отворено.
OhridNews