Најмалку десет купувачи, од кои повеќето пензионери, се повредени во метеж кој настанал во една продавница во Кина откако почнала продажбата на масло и јајца по поволни цени.
Четири лица се однесени во болница, вклучувајќи и 58-годишна жена со повеќе скршени коски.
Најстарата меѓу шопингохоличарите која брзала во поволна купувачка има 81 година.
Во стампедото кое минатата година поради поволни цени настанало во друга кинеска продавница загинале 3 лица, а неколкумина биле повредени.
Кинеската влада апелира до управителите на супермаркетите повнимателно да ги промовираат попустите во продавниците.