Во првата трка со бикови оваа сезона во шпанската Памплона се повредени неколку учесници.

Еден од биковите со роговите го повредил едно момче во градите, а повеќе луѓе биле повредени при падови, се дознава од дежурните служби за спасување. Вкупно девет учесници во трката морале да бидат пренесени во болница.


Првата трка во сезоната била опасна и затоа што еден бик се одвоил од крдото и тргнал према поедини учесници во трката.

Во традиционалниот спектакл кој трае до 14 јули, секое утро шест борбени бикови и шест мирни волови ќе трчаат низ улиците на Памплона до арената, каде навечер ќе ги очекува борба со тореадорите. Стотина мажи, наречени „мози“, ќе трчаат пред биковите дож 825 метарската пруга, низ градот до арената. Единствено оружје со кое ќе се бранат од 600 килограми тешките бикови им се завиткани весници.