Светски познатите диџеи AFROJACK и HARDWELL и легендарните „Бело дугме“ ќе настапат на второто издание од фестивалот „Ohrid Calling“ што ќе се одржи од 1-ви до 4-ти август во Охрид.
Со настапот на познатите музички имиња, манифестацијата што се одржува во организација на локалната самоуправа во соработка со светски реномираната продукциска куќа „Авалон“, за кратко време стана препознатлив бренд во Македонија и Европа.
– И годинава имаме светски познати имиња кои Охрид го етаблираат на мапата на фестивалски градови, а „Ohrid Calling“ прераснува во традиционален настан кој верувам и сум убеден дека од година во година добива на масовност, на квалитет и популарност, вели Ѓоко Апостолов од охридската локална самоуправа.
Од „Авалон“ и годинава ветуваат забава, одлична музика и дружење.
– Имаме три вечери музика за сите вкусови. Пред месец дена заврши фестивалот Skopje Calling на кој имаше публика од цела Европа. Истото го чекуваме и во Охрид, продажбата на карти тече одлично, се продаваат низ цела Европа, изјави Денис Илиоски од „Авалон“.
Организаторите ветуваат дека фестивалот ќе прерасне во традиционален, а плановите се од идната година да се одржуваат дисперзирани настани на различни датуми.
Т.К.