Три големи дефекти на водоводната мрежа се случија утрово, поради што без вода за пиење во текот на денот ќе бидат жителите на повеќе улици, информира ЈП Водовод Охрид.

Вода за пиење нема на улиците: Дејан Војвода, Железничка, Абас Емин, Туристичка, Бекир Алириза,, 8 Mарт, Винковачка.

Екипи на Водовод се на терен и работат на отстранување на дефектите. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува во попладневните часови.

OhridNews