Сите знаеме дека лимонот е супер додаток во многу jaдења и пијалаци, но исто така тој има голема примена во грижата за вашата убавина.
Решение за акни
Лимоновиот сок одлично ја чисти вашата кожа. Еден лимон пресечете го на половина, а потоа искористете го да го премачкате вашето лице. Оставете го да делува 5-10 минути пред да го измиете за да го постигне посакуваниот ефект.
Ги избелува забите
Ефикасно средство за белење заби може да биде направено и во домашни услови. Едноставно имешајте малку сода бикарбона со лимонов сок па со чепкалка за уши нанесете го на вашите заби. Оставете го да делува барем една минута пред да ги измиете забите.
Осветлување на косата
Наместо хемиски избелувачи, комбинирајте малку лимонов сок со вашиот регенератор и седете на сонце неколку часа пред миење на косата. По неколку репетиции вашата коса ќе добие значително посветла нијанса.
Омекнување на усните
Намачкајте ги испуканите усни со лимонов сок, а по една минута исчистете ги со вода. Тоа ќе ви помогне да ја отстранете мртвата кожа, а вашите усни ќе бидат меки и мазни.