Многу популарните витамини за деца кои се наоѓаат на пазарите ширум светот содржат количини на витамини многу повеќе од препорачаните дневни дози, наведува најновата студија објавена во стручното списание JAMA Pediatrics. Студијата ја спровеле експертите од LECOM School of Pharmacy од Пенсилванија, кои го проучувале составот на дури 193 различни и најпознати брендови на витамини за деца.
Витаминските додатоци ги поделиле во две групи: витамини кои се наменети за бебиња помлади од една година и оние кои се наменети за мали деца од 1 до 4 години. Заклучокот од студијата е дека составот на примарните витамини е значајно поголем од препорачаните дневни дози. Бројните витамини во капсули, сирупи и други суплементи биле дури и за 900% повеќе.

Витамините кои во најголем процент ги надминувале дневните препорачани дози се:
-Биотин: дури 900% повеќе
-Витамин Б12: дури 500% повеќе
-Витамин Ц: речиси 500% повеќе
-Витамин Б6: 350% повеќе
-Рибофлавин:300% повеќе
-Тиамин:речиси 300% повеќе
-Витамин А:речиси 300% повеќе
-Ниацин: 250% повеќе
-Витамин Е:200% повеќе

Витаминот Д бил единствен кој бил во пропишаната доза, дури и помалку, во двете старосни групи.

За секој од витамините, медицината препорачува максимална дневна доза, посебно кај бебињата до една година. Бебињата никако не би смееле да земаат повеќе од препорачаните дневни дози од следните витамини: Ц, Е, К, Б6, Б2, тиамин, рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, биотин, колин и витамин А. Но повеќето од тие витамини ја надминуваат и двојната препорачана доза во витаминските додатоци.
Зошто е тоа проблем? Неодамнешни студии откриваат дека некои витамини се дури и опасни за здравјето во преголеми количини.
Авторите на споменатата студија пишуваат: “Врз основа на нашата анализа заклучуваме дека повеќето педијатриски витамински додатоци не се базирани на медицинските препораки и претставуваат опасност од предозирање“.
Студијата носи назив “Пазарна анализана витаминските суплементи кај новороденчиња и деца“.
Препорака е секогаш без исклучок пред давањето на одредени витамински додатоци на децата, посебно помлади од 4 години, да се советувате со педијатар.

извор:http://www.klinfo.hr