На 10 јули во Охрид ќе се спроведе авионско запрашување против комарци. И додека во Охрид тоа ќе биде прво прскање, во некои општини се спроведува завршната фаза за заштита од инсекти.Така во Скопје деновиве ќе се спроведе третото авионско запрашување против комарци.
Експертите се сомневаат во ефикасноста на најавеното запрашување во Охрид и сметаат дека градот требало порано да се подготви и да ја реализира ваквата акција. Поради недоразбирања на релација локална самоуправа – Завод за здравствена заштита минатата година во Охрид не се изврши прскање против комарци.

Ohridnews