Во спортска сала со цигарa
Покрај тоа што не се применува целосно во угостителските објекти и јавните установи, Законот не се почитува ниту во спортските сали. На неодамнешниот меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу Амак и Пивоварна Лашко, што се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, посетител слободно пушеше цигари на трибините. Иако љубителите на спортот реагираа кај обезбедувањето во салата, не беа преземени никакви мерки против страствениот пушач, кој продолжи да ги задоволува своите никотински потреби. Вистински „спортски“ пример нема што.