„Единствен наш грев е што Водостопанство Струга како 100% државно претпријатие беше ликвидирано со одлука на влада во 2005 година иако ние ги исполнуваме сите критериуми како и работниците кои се опфатени со законот за обештетување, ни изјави Благојче Цацановски-поранешен вработен во Водостопанство.Цацаноски вели дека за случајот помош ќе побараат и од народниот правобранител, а доколку не ја добијат ќе ја тужат државата пред судот во Стразбур.
Поранешните вработенио во Водостопанство бараат правда
Вработените во Водостопанство – Струга по ликвидацијата се на улица, а системите за наводнување се руинирани или украдени.