Група граѓани од Охрид и туристи со сопствен повеќедневен напор и со свои средства извадија од езерото еден голем и тежок бојлер наполнат со бетон во близина  на старото пристаниште наспроти хотелот “Палас”.

Бојлерот кој со години бил тука под водата, со голем дел под песокта веројатно некогаш служел како сидро за поголем брод.

Во текот на годините повеќе луѓе, а особено деца беа повредувани и завршуваа на Oдделот за хирургија во Охрид. Низ годините баравме помош од повеќе институции и од повеќе граѓани. Една институција вети дека ќе го извади, но ништо не се направи. Сега бојлерот треба да се дислоцира од плажата за што е известена надлежна институција, велат охриѓанецот Милован Србиноски и србинот Марко Ристиќ, учесници во акцијата.

Претходните години, посочуваат, во близина било извадено големо сидро и неколку цевки под водата.

Воедно упатуваат благодарност до сите кои помогнале во дислоцирање на болјерот од Охридско Езеро, кој се очекува надлежните служби соодветно да го депонираат.

OhridNews