Граѓаните кои живеат во близина на некогашниот полигон за мали спортови, реагираат на состојбата во која се наоѓа ова некогаш популарно место. -Во центарот на Охрид во непосредна близина на општината никнува дива депонија од која се шири неподнослива миризба, велат жителите, кои бараат надлежните да ја санираат состојбата.


Полигонот за мали спортови одамна е вон упоптреба. Атрактивниот простор повеќе не е сопственост на градот, кој со отуѓување на полигонот за мали спортови пред повеќе години отплати дел од милионските долгови.

OhridNews