Хотелот „Палас“, некогаш најрепрезентативниот објект на охридската ривиера, поради нерешени имотно правни и сопственички односи со години е затворен и не работи. Годинава за прв пат од пред лицето на хотелот беа тргнати тарабите зад кои се крие жална слика. Една од најубавите тераси на кејот целосно е обрасната со трева, а зеленило расте и на плочникот. Се распаѓа и дел од фасадата на доградениот дел. Управата за заштита на културно наследство сака да го заштити објектот како споменик на културата, но вистинскиот сјај „Палас“ може да го поврати само доколку повторно проработи. До тогаш во мислите на охриѓани ќе останат спомените за убавите времиња поминати во хотелот со мермерна фасада на кејот на Охридското Езеро.


Некогаш репрезентативен објект, денес жална слика

OhridNews