Најдобрата македонска репрезентација ќе одигра пријателска средба со репрезентацијата на Португалија.

Мечот е закажан за 26 мај, како дел од подготовките на “селесао“ за престојниот континетален собир во Полска и Украина. Роналдо и другарите се во групата на смртта заедно со репрезентациите на Холандија, Германија и Данска.

Досега Македонија има одиграно една пријателска средба и тоа во 2003 година во Женева, тогаш, Португалците победија со 1:0, со голот на легендарниот Луис Фиго.

М.П.