Пол Масон некогаш бил најтежок човек на светот, со неверојатни 445 килограми. Се одлучил да се бори со својата килажа. Тој немал убави спомени на своето минато. Дневно знаел да внесува дури по 20 илјади калории. За среќа, одлучил да се пресмета со вишокот килограми и го избрал најдрастичниот метод. Хируршки го смалил желудникот и ставил прстен на него. Превозот до болницата бил приказна за себе. Морале да го срушат ѕидот на неговата куќа, за да можат да го извадат надвор. Потоа го извлекле со кран и го пренеле до болницата.

По две години изгубил околу 300 килограми. Бидејќи колограмите ги изгубил многу брзо, кожата останала да му виси, па сега имал околу 50 килограми вишок кожа. Лекарите сеуште не сакале да го оперираат, бидејќи се плашеле дека вишокот килограми би можел да му се врати. Требало да почека уште две години како би се извела и таа операција. Целта му била да биде доволно слаб да може да направи некои работи за кои отсекогаш сонувал, да добие возачка дозвола, да патува, но и да пронајде девојка.