Италијанската Серија А е пред голема неизвесност, бидејќи голем број на клубови јавно се изразија дека се против за продолжување на фудбалска сезона. Но тоа не го спречи Златан Ибрахимовиќ да се врати на тренинзите и да ја одржува формата.

„Ибракадабра“ тренираше со тимот на Хамарби во кој има 25% сопственост. Шведскиот клуб се пофали на социјалните мрежи и веднаш се постави прашањето дали робусниот голгетер ќе го напушти Милан и сезоната ќе ја заврши во Хамарби.

Шведскиот голгетер, екипата на Милан ја засили пред почетокот на сезоната враќајќи се во Европа од америчката МЛС лига. Ибрахимовиќ втор пат е во Милан откако во првиот мандат беше две сезони.

OhridNews