Неизвесно е дали вработените во образовните установи во Охрид утре ќе стапат во штрајк, на што тие имаат право доколку најдоцна до 15 во месецот, односно денес, не примат плати.
Како што не информираа надлежните, општината навреме ја подготвила потребната документација, а училиштата ги испратиле налозите за плати до надлежното министерство, но до 13 ч. денеска парите за личен доход на вработените во охридските училишта не беа легнати на сметка на банките.
Доколку до крајот на денот не се случи некаква промена, тие согласно колективниот договор потпишан помеѓу Синдикатот за образовбание, наука и култура -СОНК со Владата утре можат да стапат во штрајк.
Раководството на СОНК и официјално ја најави таквата можност, а одлуката дали ќе стапат во штрајк ќе ја донесат синдикалните одбори во училиштата.
Г.М.