„Cuba Libre beach&bar“ организира заедничко гледање на видео бим на последната трка од Мото гран при серијата која ќе го одлучи шампионот за оваа година.

На трката во Валенсија за епитот светски шампион ќе се борат тимските колеги Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.

Пред почетокот на трката Роси има предност на табелата седум бодови од второпласираниот Лоренцо.

Но, Шпанецот ќе стартува од првата позиција за разлика од Италијанецот кој поради инцидентот од минатата трка ќе биде на опашката.

Специјални гости во „Cuba Libre beach&bar“ ќе бидат членовите на Мото клубот од Охрид. 

Ohridnews