Грчките туристички работници со голема загриженост ја очекуваат туристичката сезона. Поради длабоката криза во земјата, во светот се испрати лоша слика за Грција што голем број странци, кои планираа одморот да го поминат во Грција, ги наведе да ја преиспитаат својата намера.

Ова го потврди и Туристичката организација во Грција. Тие стравуваат дека повторното насилство може да доведе до откажување на „пакети“, т.е. на групни посети. Министерот за туризам Павлос Геруланос е во секојдневни контакти со првите луѓе на туристичките организации и асоцијации ширум земјата. Се бараат начини грчката туристичка понуда за ова лето во последен момент да се направи дополнително атрактивна. Националниот институт за истражување на туризмот (ИТЕП) објави дека овогодишната туристичка година во Грција, во најдобар случај може да биде на ниво на претходната, а веројатно и послаба. Очигледно е дека Грција се наоѓа пред неизвесна туристичка сезона.

Ohridnews