– Ветувања има постојано, но не се исполнуваат. После континенталниот собир во Србија каде освоивме петто место ни беше ветена премија од 70 000 евра, а до ден денес никој не нема исконтактирано или известено што се случи со овие пари. Од РФМ се прават како ништо да не било, а таквиот однос стварно иритира – потенцираше Ристовски.
Голманот на германскиот Гумерзбах, Ристовски апелира што побрзо да се реши оваа проблематика и да можат сите репрезентативци да се фокусираат на игрите во националниот дрес.
Покрај сите проблеми и повреди на одредени репрезентативци Македонија квалификациите за ЕП ги стартуваше со победа над Швајцарија. Во составот за мечот со Португалија ќе се врати Ристовски, кој ја одлежа суспензијата од еден натпревар.