Кеш Бурч (24) од Ватерло, Ајова, е обвинет за неуспешен грабеж. Наводно, провалил во скапоцен автомобил и случајно се заклучил однатре. Марк Лорес, сопственик на Фордот Експлорер го пронашол во автомобилот и викнал полиција.


Неможел да излезе затоа што Експлорерот има состав против кражба. Се активира кога акумулаторот ќе остане без струја. Кеш го истрошил акумулаторот обидувајќи се да го запали автомобилот и завршил заклучен во него. Ја искршил таблата со инструменти, но сепак не успеал да излезе. На крај полицијата му ја отворила вратата и го обвинила за кражба.