Во вжештена фудбалска атмосфера и силна медиумска кампања пред се поради собранието на ФФМ во Струга македонскта јавност го дочекува натпреварот против Хрватска  кој е од огромно значење за нашата репрезентација, за тоа во кој правец ќе продолжат  квалификациите.
  
Актуелните случувања во последните неколку месеци, кои кулминираа неделава не  одат во прилог на македонскта А селекција која е огледало за работата на федерацијата – го започнува разговорот Данчо Целески, тренер во репрезентацијата  на Македонија. За нас овој натпревар е е од огромно значење можеби најважниот во овај циклус, добар резултат на Максимир не остава во трка за едно од местата кои водат  на ЕП, вели Целески .
  
За натпреварот на Максимир , стручниот штаб поради повреда нема да може да смета на еден од најстандардните во одбраната Игор Митрески, а имајки во предвид што Катанец не се откажува од стандарданата 3-5-2 формација ќе мора да се бара негова замена во стандардната тројка која на досегашните 5 натпревари во квлификаците прими само 3 гола.


ги чека тешко госување во Загреб

Неиграњето на Митрески , ќе преставува голем хендикеп за нас, постои можност тој да биде дополнително повикан  во репрезентацијата до колку ги мине последните фитнес тестови . Во тандем со Новески и Седлоски ,одлично се надополнуваа  неговото отсуство ќе ја ослаби задната линија, но ние имаме доволен број  на играчи да го покријат , смета Целески.
Одличната  форма на напаѓачите во репрезентацијата дава опција повеќе на  селекторот Катанец  .

 Ефикасноста на напаѓачите во репрезентативниот дрес не е на завидно ниво, но во формацијата која ја игра Македонија, напаЃачите се многу важна алка во синџирот .Одличното движење ,како и корпулентност на РистиЌ, Мазнов и Наумоски, додавајки ја брзината на Стојков , креативноста на Пандев даваат можност некој од втор  план да го загрози противникот .

Во стилот на Катанец, Целески  вели дека не го интересира играта на противникот него единствено го интересира играта на наШата репрезентација. Македонските репрезентативци во Охрид ке пристигнуваат во недела ,  а првиот тренинг на “Билјанини“  ке го имаат во понеделник во 16 часот .

_______________________

Петар Милошевски е ново име на списокот на селекторот Сречко Катанец за квалификацискиот натпревар со Хрватска закажан за 24.Март во Загреб со што сега во комбинација се вкупно 20 фудбалери од кои тројца голмани. Покрај Милошевски тука се уште и Јане Николовски кој има мали здравствени проблеми и Пачовски.

_______________________

Македонија 49 на ФИФА листата!

Според најновата рејтинг листа на Светската фудбалска федерација, ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија во март 2007г. го постигна најдобриот пласман од своето постоење и за првпат се најде под 50. позиција. Нашата репрезентација доби нови 4 поени и со вкупно 585 бода го завзеде 49. место пред репрезентациите на Коста Рика, Р.Ирска, Белгија, БиХ и други.

Нашиот следен противник , Хрватска останува на високото 12. место.

М.Постолоски
Г. Момироски