Неидентификувано лице синоќа украло трамвај во Загреб, го возел околу Трешњевац, каде го оставил и заминал во непознат правец.

Синоќа нешто пред 23 часот непознат сторител украл нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец, соопшти ЗЕТ за хрватскиот портал Индекс.

Во трамвајот во тоа време немало патници, а во инцидентот, велат, нема повредени, и возилото не е оштетено.

Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е покрената внатрешна истрага за утврдување одговорност за овој пропуст.

OhridNews