На само неколку чекори од подрачното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во населбата Далјан зјае запуштен објект кој како што велат загрижените граѓани  некогаш и припаѓал на армијата. Објектот покрај кој секојдневно поминуваат деца е во распаѓање, покривот само што не паднал, а остатоци од бетон и цигли се расфрлани наоколу. Грдата слика ја надополнува сметот распослан на блиската плажа кој и покрај реакциите на локалното население се уште не е подигнат затоа што институциите на локално и централно ниво меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен за чистење на крајбрежјето.


Негрижа го гуши Далјан во смет

OhridNews