Во Македонија денеска, трет ден по ред, на сила е изборен молк, но политичките субјекти и партиските машинерии не запираат со негативната кампања. Досетливите партиски кујни овој пат кампањата ја преселија на интернет, на портали блиски до одредени партии и социјалните мрежи.

Бомбардирани со политички реклами поврзани со изборите во нашата земја, главно со негативна политичка содржина се и  најпознатите портали во регионот кои се исклучително популарни и кај нас. Па така таму и денеска осамнаа платени огласи со политички пораки од Македонија. Сега нашиот „валкан веш“ е достапен онлајн во целиот регион.

Како ќе заврши „специјалната војна“ во која не се штедат ни пари ни луѓе, останува да се види, но очигледна е потребата од сериозна регулација на изборните правила и закони, особено во делот на негативната кампања која на овие избори е поизразена од било кога.

Г.М.