И вториот тест на коронавирус на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски е негативен.

На својата Фејсбук страна каде што ја објави оваа вест, претседателот на Владата Спасовски порачува дека е исклучително важно сите до еден целосно да ги почитуваат мерките и препораките, и дека тоа е единствениот начин за придонес за јавното здравје за да се создадат услови наскоро да се врати животот во новата нормала.

Ohridnews