Македонската фудбалска репрезентација доживува нов пад на ФИФА рејтинг листата овој пат од десет места и сега се наоѓаа на 155-та позиција што преставува негативен рекорд.


Новиот слободен пат на светското рангирање се очекуваше, откако „црвено жолтите“ не извлекоа ниту бод на квалификациските мечеви со Израел и Италија во Скопје.

Македонија на ФИФА рејтинг листата се наоѓа позади земји како Авганистан и Гренада кои во светот ги препознаваат по други работи отколку фудбалот.

На врвот од рејтинг листата нема промени, Аргентина е прва, пред Германија и Бразил.

OhridNews