Негативен е и вториот тест на КОВИД 19 на министерот за здравство Венко Филипче. Со оглед на тоа што и првиот тест беше негативен, денес завршува 14-дневната изолација на министерот.
- Завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно, изјави министерот Филипче.
Како што најави Филипче, од денеска продолжува со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство.