Негата на кожата е важна и не би било добро ако се занемари. Покрај негата на кожата никако не смеете да ги заборавите своите раце и нокти кои исто така треба да бидат негувани и уредни. Без оглед на тоа кое е годишно време, важно е да водите сметка за убавината. Рацете треба да ги негувате со посебни креми кои во себе имаат доволна количина на витамини и останати состојки кои на кожата и ја враќаат природната мекост и еластичност.
А што е со ноктите? Како нив ќе ги негувате во периодот кога температурите се ниски?Негата на ноктите во зима подразбира козметички третман кој се состои од механички пилинг кој помага да се отстранат сите изумрени клетки. Ноктите ќе ги разубавите и секогаш ќе ви изгледаат прекрасно и неодоливо со соодветен лак за нокти, а нема да погрешите ако се одлучите за подолготраен. Можете да изберете боја на вино, индиго или сина, кои најдобро се согласуваат со ладното време. Визажистите се согласуваат дека би било најдобро да си поиграте со овие нијанси, за ноктите секогаш да ви изгледаат убаво и неодоливо.
Не е сеедно како ќе се појавите на работа, или како ќе изгледате кога излегувате со пријателите. Изгледајте секогаш занесно.