Летниот одмор и сонцето може многу да ја оштетат вашата коса. Некои податоци укажуваат дека две недели на сонце (за време на летување) се поопасни за вашата коса од изложувањето на сонце во текот на цела година. Најголемите непријатели се утравиолетовите зраци кои освен на косата предизвикуваат оштетувања и на кожата.
Косата на долго изложување на сонце ги исцрпува своите природни масла и ја отстранува влажноста. Доколку се присутни и силни ветрови, косата е поподложна на кршење. Хлорираната вода од базените или солената морска вода ја избледуваат бојата.
Да се заштити косата од сончевите влијанија е еднакво важно како и да се заштити кожата. Кога сте на плажа, задолжително носете шешир или некоја друга заштита на главата, а дополнително користете спреј со кој би ја одбраниле косата од штетните влијанија. Би било добро секогаш главата да ви е покриена.
После капењето измијте ја косата од хлорот или солта со голема количина чиста вода. Ако во близина нема туш или извор на вода, со себе во шише носете вода која ќе ви помогне.
Покрај наведените спрејови, постојат и гелови кои ја штитат косата од сонцето и пружаат добра заштита. Пред излегувањето на сонце, нанесете гел со чешел и оставете го на косата цел ден. Оваа фризура подоцна ќе ви го олесни и правењето на фризура за вечерно излегување.
Доколку сепак ветрот ви ја измрси косата, расчешлајте ја со чешел со широки запци. После плажата и изложувањето на сонце, косата измијте ја и нанесете регенератор. Пробајте да ја исушите на природен начин. Чувајте ја својата коса за да ви биде убава, здрава и сјајна.
извор: savjetnica.com