Кафената коса се вбројува во видовите коса со најголем пигмент. За да се задржи тој прекрасен пигмент и да се одржи здрава, еве како треба да се негува за да биде што поубава и посјајна.

Прво е најважна заштитата на кафената боја. Ќе ја заштитите својата коса против штетните УВ зраци која вашата коса постепено ќе ја избледат. Важно е да знаете дека жените кои имаат обоена кафена коса се повеќе подложни на штетните УВ зраци за разлика од природните бои.

Вашата кафена коса можете да ја заштитите негувајќи ја со препарати кои можеме да ги најдеме во облик на спреј кој лесно може да се испрска по целата коса.

Освен заштитните препарати, својата коса негувајте ја со посебни производи кои се наменети за кафена боја на коса. Тие на косата ќе и овозможат долготраен и здрав сјај со топли тонови.

Се препорачува земање на препарати на билна база како што е шампонот и регенераторот од какао кој е и самиот со кафена боја.

Кога ја миете косата, обратете внимание на температурата на водата. Водата не би смеела да биде претопла за косата дополнително да не ја дехидрирате и така да ја направите сува. Кога последно ја измивате, измијте ја со поладна вода. Со тоа ќе постигнете неверојатен сјај на косата.

Наместо константното обојување на косата што може трајно да ја оштети, одлучете се за креми во боја или преливи кои на вашата коса ќе и подарат здрав изглед, волумен и сјај ако е изгубен.

Како и кај секој вид и боја на коса, маслата работат во корист на убавината. Користете масла за негување како ореово, маслиново кои ќе ја обноват испуканата коса.
Исто така се препорачува да се заштити косата од силната сончева светлина особено на пролет и лето, и од морската сол која ја осветлува кафената коса.

Кафената боја на коса е најблагодарна боја и спрема неа би требало да се однесуваме со голема грижа и нега за да го краси нашиот изглед и да ја истакне убавината секој ден.

 

извор:zanosna.com