Истражувањето на францускиот археолог Марко Габолде би можело да промени многу приказни за историјата на Египет. Со години се верува дека родители на египетскиот фараон Тутанкамон биле Акхенатон и една од неговите пет сестри, но неговото истражување покажало дека мајка на Тутанкамон би можела да биде познатата египетска кралица Нефертити, која била братучетка на неговиот татко Акхенатон.
Иако тие двајца биле во брак и имале уште неколку деца, многу истаражувања покажале дека мајка на Тутанкамон била некоја друга сопруга на неговиот татко. Но, ова истражување би можело да претставува пресвртница во изучувањето на египтологијата.