Најголем дел од нив се извадени кај Пештани и во близина на градскиот кеј и пристаништето. Нуркачите откриле уште неколку локации со неексплодирани убојни средства, поради што не се исклучува можноста наскоро да се реализира уште една акција за чистење на Охридското Езеро.
Експлозивните направи се складираат во воените магацини во Мауцкер крај Охрид. По завршување на акцијата тие јавно ќе бидат презентирани по што ќе бидат уништени на полигонот во Криволак, наместо кај кичевското село Извор, како што беше првично најавено.