На големото платно на 20 март пристигнува екранизација на една од најпознатите игри на сите времиња, „Need for Speed“. Истоимениот филм на режисерот Скот Вон претставува вистинска адреналинска забава во полн квалитет. Тоби Маршал, уличен тркач, штотуку излезен од затвор, тргнува да вози од едниот до другот брег на САД со само една цел во главата.
Освета. Неговиот поранешен партнер кој дознава за трката става мултимилионска уцена на неговата глава и трката за живот може да започне. Во филмот насловните улоги ги толкуваат Ерон Пол, Имоџен Потс, Мајкл Китон и Доминик Купер.