Паркирани автомобили на тротоари, во паркови и на други јавни површини, оставени на сред улица со вклучени трепкачи. Ова е дел од охридското секојдневие. Некои навики тешко се менуваат велат охриѓани, според кои недостигот на паркинг простор и ниската сообраќајна култура  се најголемната причина за сообраќајниот хаос во градот.
На анкетното прашање на Охриднењс зошто јавните површини и тротоарите во Охрид се узурпираат со автомобили,  662 читатели или 49% одговориле дека недостига паркинг простор во градот. Високи 33% или 452 читатели сметаат дека тоа се должи на недостиг на сообраќајна култура, за 136 читатели или 10% виновни се благите казни За 110 читатели или 8% тоа се должи на лошите навики на граѓаните.

Локалната самоуправа неодамна покрена кампања против узурпација на јавните површини во градот. Прекршителите на законот најпрвин ќе бидат опоменувани, а потоа и казнувани, најави локалната. Што се однесува до недостигот на паркинг простор општината најавува дека тој проблем ќе се ублажи со изгрдабата на катните гаражи кај старата автобуска и  пазарот кои ќе имаат капацитет за околу 600 возила.

Ohridnews