Недостатокот на витамин Д може опасно да го загрози животот и да предизвика предвремена смрт, предупредуваат данските научници после истражување во кое се собрани и анализирани податоци за преку 95 илјади испитаници во болницата Херлев во Копенхаген.

Учесниците во истражувањето генетски се поврзувале со намалена концентрација на витамин Д во крвта.

Како што пишува стручното списание БМЈ, генетски ниските нивоа на витамин Д во крвта биле поврзани со поголем ризик за рана смрт од било кој примерок освен од примерокот поврзан со здравјето на срцето.

Научниците во истражувањето зеле во предвид фактори како пушењето, консумација на алкохол, зачестеност на физичка активност, крвниот притисок, концентрацијата на холестерол во крвта и индексот на телесна маса.

Главни извори на витамин Д се сончевото зрачење и намирници како некои видови на риба.

извор:metro-portal.hr/