Битолчанецот Неџат Хусеин – Џате е новиот тренер на охридската клупа. Трите порази во серија беа доволен сигнал управата на клубот да се одлучи за вакво решение, носејќи го искусниот Џате. Договорот со клубот ќе биде официјализиран неделава.


Џате на првиот тренинг со новата екипа

Прво што ќе направиме  е да ја вратиме психолошката стабилност кај овие млади фудбалери. Далеку сме од опасната зона, но ние ќе работиме  на формираање на тим кој в година ќе атакува на првата лига. Првично мојот договор е до крајот на сезоната па за понатаму ќе видиме – ни рече Хусеин на првиот трениг со новата екипа.

Последната работа на Џате беше во битолски Пелистер кој го напушти на стартот на сезонота, во својата фудбалска кариера Хусеин во период од шест месеци го носеше дресот на ФК Охрид.

Охрид по одиграните 18 кола со освоени 23 бода се наоѓа на деветто место на табелата.

М.П.