Од денес неделниот весник Форум нема да се печати и како што беше соопштено одлуката е донесена заради финансиски причини.
“И покрај сите напори и заложби од страна на менаџментот и основачот на Форум Плус да го подобрат економското работење и да започнат да го остваруваат потребниот профит за нивно успешно егзистирање, по извршените економско-финансиски анализи беше утврдено дека компанијата нема повеќе прилив на средства за да може да продолжи со оперативна функционалност, и од тие причини одлучи да прекине со издавање на неделникот Форум”, изјави Мартин Десовски, оперативен директор во Форум Плус.
Како што информираа дел од медиумите новинската агенција “Макфакс“ ќе остане да работи, а што ќе се случи со новинарите од веќе затворените изданија на “Сеавус груп“ и дали е можен трансфер во агенцијата се уште не се знае.