Со ремито во Охрид против истоимената екипа Работнички ја прекина серијата од три порази во Супер лигата. „Црвено белите“ покажаа огромна желба за надигрување и победа што на крајот им донесе реми.


– По неколку несреќни порази во серија конечно ни се насмевна среќата и со ремито во Охрид ставивме точка на црниот низ во Супер лигата. Што се однесува на натпреварот одиравме одлично иако ни недостасуваа двајца стандардни првотимци. Ова е голем бод за нас и ќе ни биде патоказ за следните натпревари – рече гостинскиот стратег Влатко Неделкоски.


Работнички е втората екипа во Супер лигата која од Охрид успеава да замине барем со бод по Тинекс Пролет.

Фото : Емилио
Мх.П.