Истражувањата треба да покажат за кој точно верски објект станува збор. Според верувањата на стружани на овој простор некогаш се наоѓале црквите Света Богородица и Света Варвара, како и машките конаци од Манастирот Света Богородица од Калишта. Од струшкиот Завод и музеј не ја исклучуваат можноста да се работи и за темелите на црквата Свети Никола Дримени.
Темелите на сакралниот објект беа случајно откриени во петокот попладне при извршувањето на градежни зафати за поставување на билборди во близина на кафе барот Адмирал.