Топлотниот бран ќе почне во вторник во југоисточните делови на земјава, а потоа ќе се прошири на територијата на целата земја. За вторник максималната температура ќе биде до 37, среда 38 и четврток до 39 степени. Во овој период ќе биде високо и штетното ултравиолетово зрачење, со вредност 8.
Лекарите ги повторуваат препораките- да не се излегува од дома во најтоплиот периоди од денот, од 10 до 17часот, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и капа, кожата да се премачкува со заштитна крема и да се пијат поголеми количини течности. До препораките особено треба да се придржуваат малите деца и повозрасните, како и трудниците и тие што имаат некакво хронично заболување, бидејќи тие полесно може да настрадаат од високите температури.