Водостојот на Охридското Езеро во вчера порасна за еден сантиметар и се наоѓа на 693,89 метри надморска височина, односно 14 сантиметри над утврдениот максимум.
– Водостојот на реките од сливното подрачје во охридскиот регион е во благ пораст, но генерално состојбата во моментов се оценува како стабилна без опасност од поголеми излевања. Езерото Глобочица бележи благ раст во споредба со вчерашниот ден. Состојбата на Дебарското езеро е стабилна и има уште 4 метри простор за акумулирање на вода. Доколку полнењето на езерото продолжи со овој континуитет, максималната исполнетост може да се очекува за околу 7 до 8 дена, соопшти Центарот за управување со кризи.
Претставници на Координативното тело за справување со кризи на Владата вчера го посетија селото Пештани каде подземните води поплавија стотина куќи. Поплави има и по течението на Скребатска река, а под вода се и поголеми поврчини земјоделско земјиште во охридско.