Во рамки на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 19 – 25 април 2021 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, a со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, средства за хигиена, и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со попреченост од Охрид и Дебрца.
Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со:донирање на прехранбени производи и средства за хигиена, во просториите на Црвен крст Охрид ул. “Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и
сабота и недела од 8 до 15 ч. како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во поголемите маркети во Охрид. – повикува Црвениот крст.
Граѓаните и компаниите, истотака, може да донираат и парични средства на жиро сметката на Црвен крст Охрид со назнака за: “Недела на солидарност”.
Паричните средства може да се донираат со уплата на средства на сметката на Црвен крст Охрид: 300010000181280 – Комерцијална банка АД Скопје. Од донираните средства и собраните намирници во кампањата ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници. – информира Црвениот крст.
OhridNews