Во рамките на одбележување на Неделата за грижа на стари лица Црвен крст Охрид, за старите лица од Центарот за стари лица-Геријатрија при Општата болница во Охрид, организираше еднодневен излет до манастирот Св. Богородица, во с. Калишта, Струга.
Придружувани од активистите на Црвен крст Охрид, како и од персоналот на Геријатрија, старите лица запалија свеќи во манастирот, а потоа со песна и игра заеднички се дружеа во Центарот за едукација на кадри на Црвен крст во Струга, каде со солзи-радосници ги примија скромните подароци од страна на активистите на Црвен крст.
Црвениот крст ја одбележа неделата за грижа на стари лица
ohridnews