На гол листата од Пандев се најдоа Арсенал, Порто, Галатасарај, а се започна со погодокот против нисколигашот Капри. Со ваква форма во каква се наоѓа моментално Пандев шпанскиот стратег Рафа Бенитез нема за што да стравува по заминувањето на Едисон Кавани.
Наполи по продавањето на Уругваецот во редовите на ПСЖ доведоа квалитетни и проверени фудбалски имиња со кои ќе конкурираат за Скудетото во сезоната која престои.