Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден.
Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе. – објави попладнево на социјалните мрежи премиерот Заев.
Во Охрид оваа мерка самостојно се имплементира во приватниот сектор. Позитивен пример се Топ маркетите на компанијата „Семафор комерц Р“, кои од 1 октомври не работат во недела.
OhridNews